2022 № 1 (51)
Мойсова-Чепишевская В.
Конески и светската славистика
Аннотация
Овој текст е мал прилог во одбележувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески, кој исцртува една мапа со најзначајните контакти што тој ги остварил со светските и особено со руските слависти. Пишуван и допишуван е во неколку наврати, а делови од него се читани во неколку пригоди:
– на отворањето на Првата зимска школа на МСМЈЛК (Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура) при УКИМ шпто се одржа од 25 јануари до 5 февруари 2021 година на далечина (онлајн) на платформата Зум како директорка на оваа институција;
– на излагањето на тркалезната маса на тема: «Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти» организирана од РЦ (Рускиот центар) и МСМЈЛК при УКИМ шпто се одржа на 18 март 2021 година на далечина (онлајн) на платформата Зум и
– на свечениот настан по повод 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет «М. В. Ломоносов», како дел од годишната програма на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ, реализиран во рамките на Програмата на манифестацијата «2021 – Година во чест на Блаже Конески» под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.
Ключевые слова
руски слависти, светски слависти, македонскиот јазик како посебен јазик