2022 № 3 (53)
Якимовска-Тошич М.
Научниот прилог на Алла Шешкен на научните конференции при Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура
Аннотация
Бројните научни прилози на Алла Шешкен презентирани и објавени во Зборници при Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура што редовно се одржува во Охрид, откриваат теми посветени на проникнувањето на македонско-руските книжевни врски низ интеркултурна призма. Со примена на компаративен приод се третирани бројни теми на повеќе суштински топоси: Фјодор М. Достоевски и македонската проза; превод и изучување на македонската литература во Русија; рецепција на творештвото на С. Јаневски и Б. Конески во Русија; М. Булгаков и македонската литература; влогот на М. Ѓурчинов во афирмација на научниот интерес за руската литература во Македонија итн. Бројните трудови ја вбројуваат Алла Шешкен во најпасонираните проследувачи и афирматори на македонско-руските интеркултурни релации.
Ключевые слова
Алла Шешкен, македонско-руски книжевни врски, интеркултурни релации, рецепција, превод