2022 № 6 (56)
Мойсова-Чепишевская В.
Се надминуваат ли воопшто стереотипите? (преку примери од македонската книжевност за деца)
Аннотация
Приказните може да бидат и регресивни и прогресивни, и конзервативни и еманципаторски, некои од нив и радикални, но тие воопшто не се наивна лектира и не се без последици во однос на тоа дека имаат манифестно општествено влијание и воспитна димензија. Од втората половина на XX век, и особено сега на почетокот на XXI век се забележуваат сериозни поместувања и промени во разбирањето и толкувањето на класичните сказни / приказни од една страна и создавање нови «современи» сказни / приказни од друга страна. Сказните го отсликуваат копнежот на човекот за стабилност, спокој, љубов, но и за лична и општествена реализација.
Овој труд се занимава со книгите за деца од две македонски авторки (од поновата продукција) и преку нивното исчитување се обидува да ги преиспита стереотипите за половите / родовите улоги, како и за уреденоста на општеството и меѓучовечките односи. Акцентот се става на «Приказната за Ото, Ото и Ото» на Бистра Георгиева со илустрации на Моника Каретеро во која различноста што треба да се прифати не е претставена низ човечки ликови, туку низ антропоморфизирани птици и на «Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња» од Билјана С. Црвенковска (модерна сказна за една модерна вештерка). И двете книги се обидуваат да го стимулираат толерантниот дух кај децата (но и кај возрасните) и да ја промовираат различноста. Но и покрај тоа што отворено промовираат рушење на стереотипи, останува да одекнува прашањето дали побивањето на конкретните (стари) стереотипи, не раѓа некои други (нови) стереотипи?
Ключевые слова
стереотипи, книжевност за деца, толерантност, различност