2023 № 2 (58)
Антоновски И.
Македонската книжевна стварност по постмодернизмот (сегашноста како иден предизвик на книжевната историја)
Аннотация
Трудот е посветен на случувањата на македонската книжевна сцена во периодот по постмодернизмот, со одделен фокус на поетиките на авторите родени во 70-тите и 80-тите години на XX век. Притоа, одделно се отвора прашањето за поетичката (не)обгрнатост на авторите коишто дебитираа во завршницата и по завршницата на постмодернизмот, при што се анализира дали во актуелниот миг, во македонскиот книжевен простор воопшто може да се препознае одделна стилска формација, но и едновремено, дали навистина постмодернизмот е целосно завршен. Со проследување на развојот на македонската книжевност се анализира и дали воопшто може да се говори за нови книжевни генерации во смислата во којашто книжевната генерација беше претходно перципирана во македонската книжевна историја. Со ова, трудот се надоврзува на согледувањата на Ала Шешкен, во однос на македонската книжевна историја, со коишто таа задира до периодот на постмодернизмот, но потоа следи голем (иден) предизвик – како книжевната наука ќе (може да) ја валоризира актуелната книжевна стварност.
Ключевые слова
македонска книжевност, постмодернизам, постпостмодернизам, актуелни тенденции, книжевна историја