2023 № 2 (58)
Пандева М.
Придонесот на Рина Усикова во истражувањата на модалноста во македонскиот јазик
Аннотация
Во овој труд се разгледува придонесот на Рина Усикова во истражувањата на модалноста во македонскиот јазик. Опфатени се текстови од нејзини научни трудови и книги пишувани во периодот од 1985 до 2008 година. Се забележува нејзиниот континуиран интерес кон оваа тема во македонскиот јазик и постигнатиот напредок во истражувањата преку постојаното зголемување на информациите што ги добиваме од нејзините статии. Главен интерес на Усикова претставуваат начините: индикатив, императив, кондиционал, конјунктив, категоријата засведоченост / незасведоченост и употребата на да-конструкцијата со модални глаголи. Таа не ги заобиколува и модалните зборови. Текстот претставува синтеза на нејзините истражувања и заклучоци за модалноста во македонскиот јазик.
Ключевые слова
модалност, македонски јазик, да-конструкција, модални глаголи