2015 № 1 (9)
Ѓорѓиева Димова М.
(Екс)центрирани (и)стории
Аннотация
Овој текст е обид за интерпретација на романот Александар и смртта од македонскиот автор Слободан Мицковиќ, низ призма на постмодерниот историски роман, т. е. историографската метафикција. Романот создава апокрифна историја за античкиот освојувач Александар Велики, фикционално пополнувајќи ги празнините, т. е. «темните места» во официјалната историографија. Толкувачката рамка, главно, се фокусира врз теоретските концепции на жанрот. Идентификувањето на моделот на екс-центрирана и-сторија во романот на Мицковиќ има за цел да ги илустрира метаисториските импликации на книжевноста / романот во однос на историјата: начините на конструирање верзии на историјата со ревизионистички предзнак. Во овој случај, екс-центрираната и-сторија реферира на ревидирање на историските записи, во насока на нивна реинтерпретација преку демистифицирање на ортодоксните верзии на минатото.
Ключевые слова
историографска метафикција, метаисторија, екс-центризам