2017 № 2 (22)
Ѓорѓиева Димова М.
Цитатни мистификации
Аннотация
Целта на овој текст е да се истражува вакантната цитатност, како еден од интертекстуалните модели, во македонската постмодерна проза. Предмет на толкување се два книжевни текста: расказот Ракописот од Китаб-ан на Влада Урошевиќ и романот Папокот на светот на Венко Андоновски. Интерпретацијата се одвива на две рамништа: проследување на главните одлики и техники на овој интертекстуален модел (псевдоцитатноста, дедуктивната нарација, мистификацијата, парадоксот, интертекстуалниот мизанабим) и на рамништето каде што се демонстрираат метатекстуалните функции на вакантната цитатност: нејзините имплицитни коментари врз интертекстуалноста, врз епистемолошката несигурност и онтолошките трансгресии на/во книжевноста.
Ключевые слова
македонска литература, постмодерна фикција, интертекстуалност, вакантна цитатност, метатекстуалност