2017 № 5 (25)
Ѓорѓиева Димова М.
Палимпсестна трансверзала: текстуалните трансценденции во циклусот песни за Марко Крале на Блаже Конески
Аннотация
Текстот елаборира една артикулација на односот традиција – индивидуален талент, фокусирајќи ја палимпсестната врска помеѓу (фолклорната) традиција и авторскиот текст во рамки на македонската литература, конкретно во поезијата на Блаже Конески. Во македонската уметничка литература, во континуитет, се одржува врската со фолклорната традиција, иако таа релација варира во зависност од функциите што ги има во поширокиот поетички и културен контекст. Оваа палимпсестна релација има пошироки импликации и врз македонската литература, но и врз литературата воопшто, упатувајќи на: конверзијата автор – читател (авторот и како читател на традицијата); прагматските аспекти (улогата на поширокиот аудиториум во актуализацијата на интертекстуално-палимпсестното присуство на традицијата во авторскиот текст); мнемонички аспекти на палимпсестната трансверзала (обезбедувањето континуитет во македонската уметничка литература); метатекстуално – автореференцијалните импликации во однос на книжевноста, воопшто.
Ключевые слова
транстекстуалност, интертекстуалност, метатекстуалност, македонска книжевност