2017 № 5 (25)
Здравкова-Џепароска С.
Работата на руските кореографи во Македонија. Зачувување на балетското наследство
Аннотация
Генезата на балетската уметност на во Македонија ја поврзуваме со првите форми на сценаски изведби, во дионисиските празнувања и првите театарски претстави за што потврда ни се откриените археолошки артефакти и локалитети. Но вистински проектиран развој балетот во Македонија бележи кон средината на ХХ век, поточно од 1949 до денес. Тогаш се поставени темелите на оваа уметност преку формирање на трупа, едукативни институции, репертоар. Голем удел за професионалниот раст на трупата имале руските уметници кои во различни периоди работеле во Македонија. Од нив би издвоиле тројца кореографи Нина Кирсанова, Јуриј Мјачин и Михаил Крапивин. Нивната работа е поврзана со неколку сегменти – кореографија, балетска репетиција, едукација. Овој текст се бави со анализа на едена специфична група која припаѓа на класичното балетско наследство. Тоа се дела кои ја задржале својата кореографија во речиси непроменета форма и припаѓаат на постановките од XIX век, но едновремено претставуваат синоним на балетската уметност – Лебедово езеро, Заспаната убавица, Рајмонда, Жизел и др. Тие се мерило за зрелоста и квалитетот на една трупа. Македонскиот балет посветува особено внимание и ги вградува во својот репертоар од самите почетоци. Најзалужни за нивниот пренос и адекватна подготовка се имено тројцата кореографи кои беа споменати. Тие на македонска сцена ги пренеле Заспаната убавица, Дон Кихот, Рајмонда, Оревокршачка, Копелија, Есмералда. Нивната работа ја карактеризиал високопрофесионален однос, посветеност и многу љубов. Резултат тоа се претстави кои го одбележале Македонскиот балет и останале десетици години на репертоарот.
Ключевые слова
танц, балет, класично наследство, кореографија, Македонија