2018 № 6 (32)
Мойсова-Чепишевская В.
«Денициjа»и «Песна над песните» (50 години од култната збирка поезија «Дениција» на Петре М. Андреевски)
Аннотация
Пеејќи за Дениција, Петре М. Андреевски метафорички го обликува својот чудесен универзум од љубовни, фолклорни, митски и татковински мотиви, во кои љубовта, сепак, го има централното место како двигител, акција, сознание, радост, недостиг, патило, смрт. А сите овие посочени мотиви како да се содржани во воведната «Песна за мојата песна» од збирката «Дениција» (1968), со која поетот ја најавува од една страна својата «песна над песните», а од друга кореспонденцијата на своите стихови со библиската «Песна над песните». Петре М. Андреевски во овие стихови наполно свесно го застапува феноменот на културниот одраз на Библијата во свеста на македонскиот човек како општа традиција и особено на «Песната над песните».
Ключевые слова
љубовни, фолклорни, митски, татковински мотиви, песна над песните, Библија