2019 № 3 (35)
Митевски В.
Вираго (жена воин) во византиската и македонската епска поезија
Аннотация
1. Во традиционалната индоевропска епска поезија мажот-херој зазема централно и самостојно место додека жената како лик по правило е врзана за мажот и тоа како мајка на херојот, сопруга на херојот и сл. Исклучок од тоа правило е жената-воин (virago) која единствено истапува како самостојна и независна фигура.
2. Во најпознатиот византиски еп за Дигенис Акрит, покрај секојдневните женски ликови (мајка, сопруга) кои се зависни од мажот, се јавува и типичната фигура на вираго во ликот на Амазонката Максимо. Влегувајќи во двобој со главниот херој Дигенис, таа ќе биде поразена од него, но во исто време ќе го заведе херојот и ќе го победи и понижи на морален план заради што на крајот тој ќе ја убие.
3. Во македонските епски песни за херојот Марко Крале (запишани во XIX век) се јавуваат повеќе ликови на жени-воини кои се борат со главниот херој. За споредбена анализа најпогодна е песната под наслов Марко ја погубува невестата на Секула детенце во која типичната вираго е поразена во борбата со маж, го заведува противникот и тој ја зема за сопруга, но на крајот, сепак е убиена од Марко бидејќи му нанела понижувачки пораз од жена.
4. Ликот на вираго во византиската и во македонската епска поезија веројатно е обликуван врз основа на некој истоветен архаичен мотив (тематски образец), но на идеен план тој сведочи за трагичната судбина на жената која во херојскиот свет на мажите се обидува да ги напушти наметнатите норми на заедницата и да истапи како самостојна човечка личност.
Ключевые слова
епска поезија, жена-воин, вираго, Дигенис Акрит, Марко Крале, двобој, еманципација, трагизам