2014 № 1 (3)
Капушевска-Дракулевска Л.
Една можна паралела: Марина Цветаева и Лилјана Дирјан
Аннотация
Марина Цветаева (1892–1941) и Лилјана Дирјан (1953), едната руска,
другата – македонска писателка, се разминале во просторот и времето, но обете
се жителки на беспросторниот и безвременскиот свет на Поезијата. Оттаму и
обидот да се воспостави некаква паралела помеѓу нив како дијалог на новото со
старото, на подоцнежното со претходното, или на сегашното (современото) со
традицијата, во крајна инстанца. Зашто, единствено така се остварува континуитетот
во книжевноста. Несомнено, мошне неблагодарно и претенциозно е да
се воспоставува паралела помеѓу две оригинални поетски фигури од типот на
Цветаева и Дирјан; сепак, експлицитниот креативен дијалог што македонската
авторка го води со својата омилена поетеса, ја оправдува споменатата релација.
За илустрација, текстот се задржува на најновата, инаку прва прозна книга на
Лилјана Дирјан – Снег за двајца (2011), поконкретно, на записот под наслов
«Мастилницата на Марина» кој, во најголемиот дел, претставува експлицитен
цитат на едно писмо на Цветаева напишано во декември 1920 година до поетот,
прозаист и есеист Евгениј Лозман. Изборот на Цветаева, сам по себе, говори
многу за книжевниот афинитет на Лилјана Дирјан. Во Снег за двајца, покрај
Цветаева, се споменува цела плејада врвни мајстори на пишаниот збор; сепак,
пиедесталот во тој книжевен Пантеон & припаѓа на Цветаева, «кралицата на
моето срце» – како што ќе изјави Дирјан во едно свое интервју.
Ключевые слова
Марина Цветаева, Лилјана Дирјан, книжевен афинитет, интертекстуалност,
цитатност