2025 # 1 (69)
Gjorgjieva-Dimova M.
Романескниот хроматизам во историјата
Abstract
Поаѓајќи од премисите за актуелноста на интердискурзивните релации меѓу книжевноста и историјата во современиот македонски роман, целта на овој текст е да ја елаборира и да ја потврди таа појдовна теза преку толкување на романот Бруно и боите од македонската авторка Калина Малеска. Теориските рамки на истражувањето се поврзани со концепциите за постмодернистичкиот историски роман на Елизабет Веселинг и на Брајан Мекхејл коишто ќе бидат интерпретативно применети врз романот на Малеска. Толкувачкиот фокус е поставен врз две рамништа: 1. Врз жанровските варијации на постмодернистичкиот историски роман, отелотворени во моделот „правење историја“. 2. Врз епистемолошките и врз онтолошките теми во романот на Малеска, вклучително и метафикциските постапки преку коишто тие теми се артикулирани во романот.
Key words
постмодернистички историски роман, односот книжевност-историја; македонски роман; Калина Малеска