2021 № 6 (50)
Антоновски И.
Меѓународната поетско-културна манифестација «Анте Поповски – Антево перо» традиционален настан којшто допрва ќе биде синоним за вистинските вредности на македонската книжевна стварност
Аннотация
Текстот го отвора прашањето за значењето на книжевните манифестации за книжевната стварност. Притоа се застапува тезата дека значењето на конкретна книжевна манифестација и во ова дигитално време, не е доминантно условено од нејзиниот формат и од тоа колку тој е конвенционален или модерен, туку од тоа дали нејзината мисија примарно се темели на естетски и книжевни критериуми и следствено, од нејзината содржина – од тоа, колку таа дава нови импулси на книжевното живеење. Како потврда на ваквото согледување, во текстот се издвојува меѓународната поетско-културна манифестација «Анте Поповски – Антево перо», којашто четири години е дел од македонската книжевна стварност. Иако нова манифестација со стремеж да постане традиционална и иако устроена со конвенционален формат и програма, без претенциозно настојување за нестандардни програмски содржини, таа веќе е препознатлива на македонската културна мапа, како манифестација со којашто едновремено се настојува да се оствари влог во валоризацијата и афирмацијата на трајните вредности на македонската култура, да се промовира македонската книжевна продукција, да се овозможи помалку афирмирани авторски имиња да излезат од сенките на живите книжевни споменици и да се поттикнува книжевна наука. Притоа, во текстот се анализира и валоризира постигнатото со годинешното издание на манифестацијата. Одделен акцент е ставен на меѓународниот научен симпозиум којшто отвори клучни и досега неактуализирани прашања за творечкиот опус на еден од најголемите македонски автори на XX век – Анте Поповски. Едновремено се анализира и концептот на манифестацијата којшто постојано се развива и овозможува таа да е настан којшто остава трага и може да доведе до случувања коишто еден ден ќе треба да бидат запишани во книжевната историја.
Ключевые слова
Антево перо, Анте Поповски, манифестација, книжевна стварност, Македонија